Сообраќајот се одвива без забрани

Денес, патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека, ќе биде во прекин поради минирање, во интервали од 15 до 20 минути, во период од 13:00 до 15:00 часот.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.