Груевски: Неопходни се избори на 5 јуни за кризата да заврши

Груевски: Неопходни се избори на 5 јуни за кризата да заврши
Груевски: Неопходни се избори на 5 јуни за кризата да заврши
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.

Соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и интеграциските процеси важни за државата, информираат од партијата.

Груевски го афирмираше својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку еден демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата.

gruevski-sredba2

Груевски посочи и дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е тие да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Тој подвлече дека изборите се и тест  за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните. Тој истакна дека е потребен крај на кризата и тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.