ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат лажговци како аболицираниот криминалец Заев, туку сакаат прогрес

Граѓаните се гневни на СДСМ затоа што партијата продолжува со деструктивното сценарио за дестабилизација на Македонија и држење на народот во заложништво поради неспособноста на раководството од Бихаќка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се гневни на СДСМ за уништувањето на се што е македонско, за урнисувањето на спомениците на македонските херои, за сквернавењето на споменот на АСНОМ-ците, на војводите, на Децата бегалци и останатите жртви за суверена Македонија кои сега, долги години по нивната смрт, станаа повторно жртви на фрустрациите на СДСМ.

Граѓаните се гневни на СДСМ за здружувањето со луѓе кои сакаат федерализација на државата, само за да продолжи планот на СДСМ кој треба да резултира со разнебитување на македонското ткиво.

СДСМ знае дека граѓаните се свесни за овие деструктивни и антидржавни акции на опозицијата. Затоа се обидува да избега од изборите и да ја продолжи најголемата небулоза и лага за нивните порази на избори – избирачкиот список и неговото прочистување.

ДИК со огромно мнозинство го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки. Се останато е ноторна лага и бедна манипулација на СДСМ, дел од нивното сценарио за држење на земјата во криза преку неучество на избори.

Богоев и СДСМ мислат дека сите заборавија на хајките кои им ги правеа на граѓаните како Даниела Рангелова од Брвеница чија единствена вина е што има исто име и презиме со пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и што живее во село без уличен систем.

Богоев и СДСМ мислат дека граѓаните заборавиле и на фантомските гласачи како Макрадули, Гордан Георгиев, сестрите на Шекеринска и Катица Јанева, Јани Макрадули, Дарко Давитковски, Ерол Ризаов, Мирјана Најчевска и другите функционери и поддржувачи на СДСМ кои се појавија на фамозниот „фантомски“ список на гласачи.

Богоев и неговата партија сакаат да заборават дека најголемата лага на СДСМ е уште еден производ од Фабриката за афери кој неуспешно ја изврши функцијата да ги оправда поразите на СДСМ на изборите.

СДСМ наместо на граѓаните да да им понуди идеја, концепт, програма и решенија и да се бори за поддршката на демократски начин, постојано да бара дежурен виновник за заслужените порази.

Граѓаните не сакаат лажговци како аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, туку сакаат прогрес, проекти, нови работни места и инвестиции во инфраструктура, земјоделие, медицина.

Затоа граѓаните кои СДСМ ги прогласува за фантоми бидејќи не гласаат за лажговци и манипулатори и ги казнува држејќи ја земјата во криза, веќе 10 години одлучуваат да не му ја дадат довербата на СДСМ.

Последното решение на СДСМ е на граѓаните на Република Македонија да им го суспендира правото на демократско изјаснување на избори, затоа што СДСМ знае дека на изборите ќе изгуби убедливо.

Ова граѓаните на Република Македонија ниту го заслужуваат, ниту ќе му го дозволат на СДСМ.