Салах Абдеслам обвинет за тероризам

Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз
Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

Француски суд денеска покрена формална истрага против Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз во ноември минатата година, обвинувајќи го за припадност во терористичка организација, убиства, киднапирање и поседување на оружје и експлозив.

– Тој ќе биде ставен во самица, изјави неговиот адвокат Франк Бертон.

Белгиските власти утрово го екстрадираа Адеслам во Франција, а уапсен е во Брисел на 18 март.

Францускиот министер за правда Жан-Жак Ирвоа претходно изјави дека Абдеслам ќе биде држен во изолација во затвор во област на Париз.