Димитриев во посета на касарната Илинден

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска во 12:00 часот ќе оствари посета на касарната „Илинден“.

Во рамките на посетата е предвидено полагање цвеќе пред Споменикот на загинатите припадници на безбедносните сили.

Димитриев ќе присуствува на показна вежба на единици на Армијата на Република Македонија.

Потоа, ќе оствари состанок со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски и со претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.