сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Неготинец ги задржувал платите на вработените

krivicna (1)

Последни вести

Кривична пријава е поднесена против седумдесет и шестгодишниот Б.Ј. од Велес поради постоење сомнеж дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од декември 2004 година до 2006 година, пријавениот како извршен член на АД ,,Фабрика за кабли, Неготино вршел задршки од плата на 133 вработени, врз основа на административна забрана по основ кредит од Стопанска банка во вкупен износ од 14.212.829 денари.

Од вкупната сума во банката уплатил 6.515.041 денари, додека 6.647.686 денари не ги уплатил во банката со што ги оштетил вработените во АД ,,Фабрика за кабли,, Неготино, за наведениот износ.

Најчитани вести