Утре подгответе се за дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до околу седум, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена облачност, меѓутоа ќе се задржи претежно стабилно и потопло време со дневни температури од 18 до 25 степени.

Промена на времето се очекува од недела попладне, кога ќе има и локална појава на дожд со ретки грмежи коишто наместа ќе бидат поројни, особено кон крајот на денот и во вечерните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник кон вторник кога ќе бидат и поинтензивни, а не е исклучено да има и над 50 литри на метар квадратен воден талог.