Чистете го лицето со јаболков оцет секојдневно

Многумина знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект на косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритис и болки во зглобовите, а помалку е познато дека е и одличен сојузник во негата на лицето!

Па така, ако ве измачуваат проблеми со кожата, како што се осипите, воспаленијата, акните и проширените пори, јаболковиот оцет е совршено решение.


Всушност, во него се наоѓаат алфа-хидроксилни киселини коишто ги отстрануваат мртвите клетки и ја обновуваат кожата. Исто така го нормализира и лачењето на маснотиите, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и хидрира кожата.

Скапите козметички препарати на познатите козметички брендови за нега на лицето исто така ја содржат оваа компонента, но во јаболковиот оцет нивната застапеност е многу поголема.


Пред да го употребувате за нега кожата, јаболковиот оцет треба да го разредите со превриена и изладена вода во сооднос 1:3. Во така подготвениот раствор натопете тупфер и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Правете го ова секое утро, и секоја вечер.

Со помош на јаболковиот оцет ќе може да ги осветлите пигментните дамки – едноставно ставете натопен тупфер на местата на кожата со прекумерна пигментација на 20 до 30 минути.

Имајте на ум дека може да употребите и купечки производ, но за нега на лицето е подобро да изберете домашен јаболков оцет.