среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 31

„Курир“: Сите негатори на Македонија се обединија околу Заев

vraniskovski-kolumna-640x465

Последни вести

Ударната медиумска тупаница на СДСМ, ПлусИнфо на Бранко Героски, на Велики петок објави колумна во која Јован Вранишковски се приклучи и ги поддржа протестите организирани од СДСМ, СОРОС, БЕСА…

Расчинетиот владика Јован Вранишковски го негира постоењето на Македонската православна црква, но често и на цела македонска држава.

Токму тој и баш денес одлучи да објави колумна во која ги поддржува хулиганите кои уништуваат спомен обележја од вековната македонска историја. Вранишковски е човекот кој си го промени своето лично име од Зоран во Јован и притоа изјави дека ако се откажал од името има право да се откаже и од сите други дадености без разлика дали тоа е етички. Така, Вранишковски истакна дека не се чувствува како Македонец туку како Византиец, пишува Курир.

Во медиумите низ регионот Вранишковски даваше изјави дека Цар Самоил не бил Македонец, туку Бугар. Верниците и јавноста го нарекуваат расколник кој често работеше против интересите на МПЦ и македонскиот народ. Не ја признава Македонската православна црква и работи против верниците.

Расчинетиот владика Вранишковски беше суден за проневера на 325.000 евра црковни пари. Тој направи бројни малверзации додека бил на чело на Повардарската, Брегалничката и Пелагониската епархија.

Пред неколку години лежеше во затвор за поттикнување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост. Затајувал и донации, пари наменети за градба и реконструкција на црква, си ги ставал во сопствен џеб.

Во видеата во продолжение погледнете каков е овој човек кој се приклони и се согласува со идеалите на Зоран Заев.

Најчитани вести