недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Грчев: „Скопје 2014“ треба да се урне и да се изнесе како градежен шут

Во колумната за „Плусинфо“, Грчев практично ја објави целта на хулиганите и деликвентите на Заев кои атакуват врз македонските спомен-обележја за да ги урнат.

Грчев: „Скопје 2014“ треба да се урне и да се изнесе како градежен шут

Грчев: „Скопје 2014“ треба да се урне и да се изнесе како градежен шут

Поврзани вести

Актуелниот член на повеќе органи и тела на СДСМ, Мирослав Грчев во колумна за порталот „Плусинфо“ ја објави целта на хулиганите на СДСМ и Зоран Заев, уривање на АСНОМ и останатите спомен- обележја.

Грчев во колумната пишува дека „Скопје 2014 треба да се урне и да се изнесе од градот како градежен шут“, не штедејќи разни вулгарни зборови за спомен- обележјата кои ја претставуваат македонската историја., пишува Курир.

-Тие диви меса израснати на кожата на градот, на јавните градски простори, ах, тие тумори на историското ткиво на градот, всушност, гнасни екскременти на глупоста и злото, тие градежни исероци на една криминална диктатура се заштитени со закон како споменици на културата?! Ах-хахаха!, пишува Грчев.

grcev

Ваквите зборови на Грчев се само реафирмирање на неговите ставови кои ја негираат македонската историја и култура. Пред извесен период, токму Грчев во изјава за бугарска телевизија имаше срамна и понижувачка изјава за македонскиот народ. Тој ги смета за дилетанти и будали сите они кои говорат за македонската историја и култура.

-Само дилетант, само будала може да зборува за македонската култура, за македонската праисторија, во неолит и палеолит. Тоа во нормални земји би требало да биде како дел од пародии и комедии. Кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници сериозно да говорат и д аго срамат својот народ, изјави тогаш Грчев.

Во колумната за „Плусинфо“, Грчев практично ја објави целта на хулиганите и деликвентите на Заев кои атакуват врз македонските спомен-обележја за да ги урнат. Во досегашните протести на опозицијата беа уништени низа спомен –обележја, меѓу кои симболот на децата бегалци од Егејска Македонија, споменикот на АСНОМ, спомен-обележјата на Порта Македонија, објектот на Министерството за култура, скулптурата на Прометеј и многу други.

Најчитани вести