Изгоре македонска црква во Сиднеј

Во пожар изгоре црквата Христово воскресение која е дел од Австралиската епархија на Македонската православна црква.

Црката се наоѓа во Рокдеј, во Сиднеј. Во гаснењето на пожарот учествувале неколку пожарникарски возила, а тамошните медиуми јавуваат дека во акцијата се повредени двјаца пожарникари.

Во близина на црквата има дом за страи лица кој навреме бил евакуиран, па никој не е повреден.

Причините за пожарот засега не се познати. Во тек е истрага за расветлување на случајот.

Оваа црква е под надлежност на владиката Петар. Во актуелниот повеќегодишен конфликт на македонските верници во Австралија со МПЦ, поточно со владиката Петар, ова е веќе трет пожар во македонска црква во последниве години.