Дождливо време со температура до 19 степени

Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнале во Пожаране 40 литри на метар квадратен, во Крушево 34, во Скопје на Зајчев рид 22, во Тетово 20, а во Охруид и Претор по 15 литри на метар квадратен.

Најладно било во Пожар, Крушево и Маврово каде се измерени шест степени, потоа во Ѓуриште, Берово, Тополчани, Претор и Куманово каде било осум степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Дојран – 13 степени.

Дожд со помал интензитет и релативно топло време, како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи имало и во други градови и населени места во земјата, а врнежи ќе има и денеска.

Денеска претпладне врмето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Доцна попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи и локално се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен.

Температурата ќе се движи од 15 до 19 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.