Германија ќе дава субвенции до 4.000 евра за купување електрични автомобили

Гермнија ќе дава субвенции до 4.000 евра за купување електрични автомобили
Гермнија ќе дава субвенции до 4.000 евра за купување електрични автомобили
Владата на германската канцеларка Ангела Меркел постигна договор со производителите на автомобили за заеднички трошоци во висина од 1,2 милијарди евра за поттик на продажбата на електрични автомобили, соопшти „Bloomberg“.

„Купувачите на електрични ќе можат да добиваат попусти до 4.000 евра, со кои ќе ја компензираат високата цена на автомобилот“, изјави министерот за финансии Волфганг Шојбле во Берлин.

Германците, кои сакаат да купат хибриден автомобил, ќе можат да користат попуст до 3.000 евра. Индустријата ќе презема 50% од трошоците.

„Целта е да се стимулира купувањето на електрични возила, што е можно побрзо“, рече Шојбле и додаде дека идејата е отстапките да можат да бидат понудени уште следниот месец.

Автомобилската индустрија, која е најголемиот производствен сектор по приходи во Германија, ги одредува стимулите за клучен фактор поради големината на германскиот пазар кој генерира речиси четвртина од продажбата на автомобили во Европа.


Меркел сигнализираше во февруари дека е подготвена да ги поддржи субвенциите, за да се постигне целта од 1 милион електрични возила по германските улици до 2020-та година, а во вторникот потпиша договорот со извршните директори од секторот по недели дискусии како да се распредели финансирањето. Првично беше предложено тие да преземат 25% од трошоците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.