Пет дена во Грција не пристигнал ниту еден мигрант од Турција

Сепак, повеќе од 7.000 мигранти и бегалци се уште чекаат нивните податоци да бидат обработени во центрите на грчките острови Лезбос, Хиос и Лерос, во согласност со договорот меѓу Европската унија и Турција, кој многу бавно се спроведува откако влезе во сила на 20 март.

Околу 2.000 од 7.044 бегалци кои се заглавени на островите се сместени во отворени центри за сместување или биле ослободени од центрите по истекот на рокот од 25 дена откако поднеле барање за азил и не добиле одговор на нивните барања.