„Курир“: Заев повторно удри против Заев

Контрадикторните изјави на опозицискиот лидер Зоран Заев станаа секојдневие. Заев, кој во јули минатата година тврдеше дека не го признава Судот и нема да присуствува на судските рочишта, денес вели дека после аболицијата сака да оди на рочиште.

-Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка, изјави Заев на 1-ви јули минатата година.

Наспроти ова, Заев денеска изјави дека сакал да оди на рочиште и дека тие ќе продолжеле со “барање на правдата и правичното судење“

-Ние продолжуваме со барање на правдата и правичното судење, тоа што ни го дава законот како можност и Европската конвенција, членот 6. Денеска, бевме на рочиште кое што е закажано пред месец и полoвина, токму на денешниот датум. Рочиштето за жал не се одржа, бевме известени од службите од судот дека нема да се одржи ваквото рочиште. Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, рече Заев.

Ова е само уште една во низата контрадикторни изјави на првиот човек на СДСМ, кој досега неколку пати во јавноста самиот се има демантирано.