Изложба на студиото „Преплет“ во Јавна соба

Креативното дизајн студио Преплет ја најавува својата нова изложба на дизајн производи во Јавна соба во Среда, 4. мај, со почеток од 21:00ч. Влезот за сите посетители е слободен.

Новата колекцијата содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на една иста тема “комплети “,  комплет за љубители на патувања, комплет за љубители на книги, за љубители на кафе, на готвење и слично. Со новата колекција секој поединец може да си ја пронајде својата страст кон одредена работа и преку користење на комплетот да му се олесни секојдневието.

Перформансот во Јавна соба ќе трае од 21:00 до 22:00 часот и е помогнат од режисерката Билјана Радиноска, а во главнити улоги се појавуваат актерите Наташа Петровиќ, Јана Пауновска, Матеа Јанковска и Дарко Набаков. Посетителите со препознавање на својот карактер во еден од актерите ќе заклучат кој комплет е најсоодветен за нив.

Преплет е концептуално креативно студио основано во 2013г. од страна на дизајнерите Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска. Студиото креира производи кои содржат одредена порака испишана на македонски јазик и кирилица.

По промоцијата новата колекција на Преплет ќе биде на продажба во концепталната продавница во Јавна соба.

јавна соба