ВМРО-ДПМНЕ: Каматните стапки на ДХВ во времето на СДСМ беа и над 11 отсто

Кире Наумов повторно се обидува да ја манипулира јавноста создавајќи незадоволство и паника. Но, зошто Кире Наумов не кажува колкави беа каматните стапки во времето на СДСМ? Ние ќе потсетиме. Каматните стапки на државните хартии од вредност во времето на СДСМ беа и над 11 проценти. Значи ако се сега околу два проценти тогаш биле дури над 11 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, граѓаните знаат што е вистината.

А вистината е дека Македонија во моментот е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа. Потврда дека долгот е на умерено ниво имаме од сите реномирани меѓународни финансиски институции како Светска банка, ММФ и кредитните рејтинг агенции Фич и Стандард и Пурс.

Но, тоа нормално нема да го слушнете од СДСМ.

Нема да слушнете дека државните хартии од вредност беа воведени во 2004 година. Уште во 2003 година тогашниот министер за финансии има донесено Стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност во која се вели дека државните хартии од вредност ќе и помагаат на Владата на РМ за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит и истовремено за поддршка на  развојот на  финансиските пазари. Во Стратегијата се наведува и дека овој начин на финансирање на буџетскиот дефицит е многу поевтин и помалку ризичен на надворешни шокови и финансиски кризи.

Ова сега СДСМ нема да го каже нормално, туку ќе се обидат после секоја аукција на државни хартии од вредност да манипулираат со јавноста обидувајќи се да нанесат штета.

Но, во тоа нема да успеат.

Ние уште еднаш ќе потенцираме дека средствата од ДХВ се користат за финансирање на редовните расходи предвидени во Буџетот кој е изгласан од Собранието на РМ, и ако нешто имаа да кажат од СДСМ требаше да кажат кога се гласаше Буџетот.