сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми, туку целосна контрола врз нив

vmro-dpmne-koalicija

Последни вести

Со засилен интензитет продолжува непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои се поддржувачи на насилните и вандалски протести организирани од СДСМ и Сорос, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие медиуми секој ден отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици нарачани написи во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ вчера беа промовирани во 894 секунди на централните вести на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 876 секунди во еден блок на централните вести.

Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 1770 секунди во само еден појас на информативни програми. Во месец март СДСМ доби 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда, додека во април бројките во корист на манипулациите од Бихаќка се поголеми – СДСМ доби 172.383 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.

Од почетокот на месец мај СДСМ доби 2.715 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда на овие две телевизии.

Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е избалансираното новинарство кое го сака СДСМ – новинари кои се поддржувачи на нивните насилни и вандалски протести и кои обезбедуваат илјадници секунди секој ден за лагите и манипулациите на СДСМ.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести