Македонија

Ѓорѓевски: Опозицијата мора да се огради од изјавите на Вранишковски

Ѓорѓевски: Опозицијата мора да се огради од изјавите на Вранишковски

Мора да има реакција и оградување од оние за кои тие изјави се наменети, односно носителите на „шарената револуција“ и лидерите на опозицијата, смета Бранко Ѓорѓиевски, уредник на весникот „Дневник“, по однос на изјавите на владиката Вранишковски.

-Тие мора јасно да се дистанцираат од ова и да се изјаснат дали тие сметаат дека е потребно да се изврши такво некое превреднување на вредностите од комунизмот. Јас до сега не сум слушнал дека лидерите на протестите истакнале некаква заложба за превреднување на вредностите од комунизмот. Не сум слушнал ни од опозицијата, меѓутоа не ми се допаѓа што постои и еден молк од таа страна. Тие мораат јасно да се оградат од тоа барање, рече Ѓорѓевски во гостувањето на Тв Нова.