Ѓорѓевски: Недозволиво е мешањето на политиката во црквата

Уредникот во „Дневник“, Бранко Ѓорѓевски во вестите на ТВ Нова истакна дека недозволиво е политиката да се меша во целиот црковен спор.

Тоа е голем престап кој го прави Вранишковски т.е. српската страна што стои зад ова и таа го барала тој да излезе со ваков став, вели Ѓроѓевски.

-Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор, а тој тоа го бара во своите интервјуа, додаде тој.

Според Ѓорѓевски, Вранишковски не бара притисок од српската политика за СПЦ да ја прифати афтокефалноста на МПЦ, но бара од македонските политичари да ја притиснат македонската црква.

-И едното и другото е недозволиво, тоа е голем грев што го прави, а нему очигледно тоа не му пречи. Тогаш за каква одделеност на црквата од државата може да станува збор, прашува Ѓорѓевски.