среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 9

Берлин домаќин на разговорите за Сирија

dogovor-za-sirija

Последни вести

Разговорите за Сирија, во кои ќе учествуваат и пратеникот на Обединетите нации, Стефан де Мистура и лидерот на сириската опозиција, Ријад Хиџаб ќе се одржат денеска во Берлин.

Разговорот ќе биде фокусиран на прашањето како да се исполнат условите за продолжување на мировните преговори во Женева, како и на намалување на насилството и подобрување на хуманитарната состојба, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Американскиот државен секретар Џон Кери претходно во Женева разговараше со Де Мистура, кој во понеделникот во Москва пред да замина за Берлин разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

На состанокот во Берлин ќе присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.

Примирјето во Сирија стапи во сила пред два месеци со посредство на Москва и Вашингтон, но околу Алепо, вториот по големина сириски град повторно се водат жестоки борби, кои се закануваат да ги загрозат преговорите.

Најчитани вести