петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 61

Народни собири на ГДОМ во девет градови

gdom-sobranie-768x453

Последни вести

Од Граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ на својата Фејсбук страница информираат дека вечерва ќе се одржат народни собири во девет градови ширум земјава.

Од ГДОМ велат дека граѓаните се обединети за крај на кризата и гласно посочуваат дека изборите се единственото решение за крај на агонијата во која се наоѓа Македонија.

Оваа порака, велат од ГДОМ, ќе биде испратена од големите народни собири, кои ќе се одржат насекаде низ државата – во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово.

-Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина! Се гледаме вечер!, порачуваат од ГДОМ.

Сите народни собири во организација на ГДОМ започнуваат во 19 часот.

 

гдом

 

 

Најчитани вести