Магазин

Хороскопот и кавгата: Кој знак се лути брзо, а кој лесно простува?

Хороскопот и кавгата: Кој знак се лути брзо, а кој лесно простува?

Кога е во прашање кавгата, секој хороскопски знак има некој свој начин на кој ќе го изрази незадоволството. Едни викаат и прават драма, додека други се смирени и се на „ниво“.

Овен

Како претставник на огнените знакови, Овенот има краток фитил. Во состојба е да се разбесни и порди најмала ситница а секоја навреда ја доживува како напад на сопственото его. Помалку е нетрпелив и агресивен, меѓутоа како што брзо се лути, толку брзо и простува. Неговите напади на бес се бурни. Овенот беснее, се лути, вика, а веќе во следниот момент се заборава и се претвора во вистинско јагне.

Бик

Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи се додека некој му скока по глава, но тоа не е баш така. Вистина е дека никој нема такви нерви како што има Бикот, но кога еднаш ќе се изнервира, не е ниту малку згодно да бидете во негова близина. Кога фитилот ќе му догори до крај се претвора во нешто слично на вулканка ерупција. Поради то на сите им се советува да не го преминуваат нивото на неговото трпение, а ако го сторат тоа, да трчаат колку ги држат нозете.

Близнаци

Како воздушн знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат напади на бес и паника, но доколку се изнервирани, ќе му возвратат на противникот бирајќи ги вистинските зборови во желба да го надмудрат. Брзо се смируваат, бидејќи се водат по логиката и разумот и не прават проблеми таму каде би можеле да имаат корист. Својата нервоза ја лекуваат со слушање гласна музика.

Рак

Ракот воопшто не ги троши своите нерви на другите и ништо не може да ја покрене паниката во него. Тој се грижи и размислува зошто се изнервирал и која била причината за тоа, но ретко има изливи на бес. Гневот го собира во себе, а се лекува со одење во кафеана или во теретана. Никогаш не реагира на првата провоација, но ќе ја искористи секоја можност на противникот да му префрла што се морал да трпи заради него.

Лав

Како и сите останати огнени знакови, Лавовите се експлозивни, но не во толкава мерка како Овните. Многу се ранливи, но по кратко време и тие забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и ги демантира сите аргументи. Бидејќи е правичен знае и да попушти ако види дека погрешил, но со оглед на тоа дека во суштина не сака расправии, а е егоцентрик, о текот на врмето ќе ја истера својата волја и ќе биде по негово.

Девица

Девицата сесмета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и е сесвна за секоја своја реченица и постапка, па како таква ретко кога говори погрдни зборови или пцуе. Ги задрува емоциите, има убаво однесување и премногу е „културна“ за отворено да го покаже своето незадоволство, а незадоволна е секогаш. Нервите ги смирува читајќи книга и слушајќи музика. Поради сокривањето на лутината со текот на годините станува депресивна. Ако смета дека погрешила или претерала, веднаш ќе се извини.

Вага

Вагата се труди да не се нервира или барем тоа да го сокрие што подобро. Го погодуваат декакви ситници, а кога ќе сфати дека со часови се мурти без потреба, ќе почне да се мази и да внимава на вас за да ви угоди. Максимуот на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине, бидејќи нејзината дипломатсла црта на карактерот не дозволува да влезе во кавга.

Шкорпија

На шкорпиите не им треба многу за да се налутат. Прво почнуваат да провоцираат и секогаш се подготвени за ниски удари. Потоа следат пцовки, навреди, а понекогаш се во состојба и физички да го нападнат оној кој го предизвикал бесот кај нив. За да ситуацијата биде уште полоша, тоа нема да им биде доста, бидејќи мора да го задоволат својот одмазднички нагон, па по ова сцнарио ќе коваат план како да се одмаздат. Таа трпеливо го чека моментот за својата отровна одмазда.

Стрелец

Стрелецот воглавно им ги кине нервите на луѓето околу себе, бидејќи обично го кажува она што го мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив. Она што е сигурно е дека откако ќе го каже својот став не го менува, но и дека истовремено можно е ладнокрвно да каже се што мисли без желба за кавга.

Јарец

Дисциплинираниот и организираниот Јарец максимално се контролира и се труди да не збесне. Но, ако на крајот не успее во тоа, во состојба е да прави врева и да не се смири со денови. Меѓутоа, поради добрите односи со околината подготвен е на отстапки иако има нагон секогаш да биде по негово. Знае да биде многу незгоден ако е почувствува загрозен и оди од крајност во крајност – кога еднаш ќе ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и без втора шанса.

Водолија

Лесно се лути, но брзо заборава. Се лути кога ќе почувствува дека му е одземена слободата или дека некој се сомнева во неа. Бидејќи мисли дека се знае најдобро, сака на другите да им „соли“ памет и да им говори како никој не може да управува со нејзината личност. Крие од другите кога е повредена, а тогаш станува најопасна – подготвена на агресија и одмазда.

Риби

Рибата е пречувствителна, се прифаќа лично и поради тоа често е намуртена. Постојано го менува раположението и не знае што сака, меѓутоа знае што не сака. Кога некој ќе се обиде да и помогне во некоја одлука е нешто што може да ја разлути. Рибата воглавно својата лутина ја задржува за себе, што е лошо за неа, бидејќи тоа води кон депресија и тага. И кога се кара, не е злонамерна, а ако и се извините, се ќе заборави.