Курир: Иако најавија, поради очајниот одзив СДСМ не го блокираше патот до Облешево

Курир: Иако најавија, поради очајниот одзив СДСМ не го блокираше патот до Облешево
Курир: Иако најавија, поради очајниот одзив СДСМ не го блокираше патот до Облешево
Иако претходно најавија блокада на патот до Облешево, на самиот протест се појавиле десетина лица од СДСМ кои поради слабиот одзив се откажале од намерата.

Собирот го предводеа лица од СДСМ за кои има судски пресуди, пишува Курир.

Претставникот на здружението „Бело злато“ е Зоран Борисов од село Тркање. Против него има поднесено повеќе кривични пријави за злоупотреби. Се тoвари дека додека бил претседател наводна заедница направил тежок криминал, наплаќал пари од народот, а не издал приемница. На граѓаните кои немале пари да платат, сметките им ги наплаќал земајќи им ориз. Земјоделците кои биле жртви на неговите измами се дадени на извршители и се соочуваат со проблеми.

Други фирми преработувачи и откупувачи, блиски до СДСМ кои вршеле злоупотреби се Агро-Грга, Даниво дооел и други. Наместо да платат пари до чесните земјоделци, нивните челници возат луксузни автомобили како Бе-Ем-Ве, Мерцедес и Пасат кои чинат до 70.000 евра. На овие протести на СДСМ може да се види и претседателот на огранокот на партијата од Чешиново Облешево.

Овие лица очигледно е дека немаат искрени намери и дека работат за лично богатење и собирање на политички поен во име на СДСМ. Ним не им се грижа земјоделците на чиј грб прават криминали, ги злоупотребуваат за сопствена корист.