четврток, 16 февруари 2017  |  Вести денес: 52

Во Скопје вчера 10 сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои девет се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда, во која со полесни повреди се здобило едно лице.

soobrakajka-aaa

Поврзани вести

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила, пет лица го управувале возилото без возачка дозвола и шет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 54 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Тихомир Милошевски“ и со учениците од второ одделение во ОУ „Страшо Пинџур“, општина Ѓорче Петров.

Најчитани вести