сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

„Триглав“ со ново здравствено осигурување при хируршки оперции

Овој осигурителен производ е дополнување на осигурувањето на специјалистичко амбулантно лекување, којшто Триглав го воведе на пазарот во април минатата година и со него клиентите обезбедуваат поддршка и помош во најстресните моменти во животот.

„Триглав“ со ново здравствено осигурување при хируршки оперции

„Триглав“ со ново здравствено осигурување при хируршки оперции

Поврзани вести

Триглав Осигурување воведе на пазарот нов производ во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување – осигурување на операции. Овој осигурителен производ е дополнување на осигурувањето на специјалистичко амбулантно лекување, којшто Триглав го воведе на пазарот во април минатата година и со него клиентите обезбедуваат поддршка и помош во најстресните моменти во животот.

Имајќи го во предвид сè поизразениот интерес за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, Триглав воведе нов производ на пазарот – осигурување на операции, којшто клиентите на Триглав кои имаат осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување, можат да го одберат и да обезбедат за себе и за своите најблиски врвна здравствена грижа и високо квалитетни медицински услуги.

Осигурувањето на операции овозможува покритие на севкупните трошоците за оперативни зафати, коишто се дел од листата на операции опфатени со овој вид на осигурување, вклучувајќи хоспитализација и подготовка за операција, интервенција, како и престој во болницата по самиот зафат. Осигурувањето на операции е комплементарно со осигурувањето на специјалистичко амбулатно лекување коешто ги покрива трошоците за специјалистичко-амбулантни здравствени услуги, вклучувајќи прегледи, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите што не се опфатени со фондот на здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции. И обата производи му овозможуваат на клиентот поддршка во целокупниот процес, од моментот на утврдување на одредена медицинска состојба, до интервенција по повод истата.

Во оваа прилика, Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ изјави: “Како пазарен лидер, целиме да бидеме креатори на растот на севкупниот пазар на неживотно осигурување, но тоа со себе носи и голема одговорност кон јавноста и кон нашите клиенти. Подразбира фокус на развој на нови производи и услуги, како додадена вредност на постоечките, како и посветеност на едукација на населението, со цел да се зголеми свеста за потребата од осигурување. Токму таков продукт е и осигурувањето на операции, како дел од стратешкиот проект на групацијата Триглав за развој на доброволното приватно здравствено осигурување на македонскиот пазар. Убеден сум дека квалитетот и релевантноста на производите што ги нудиме, како и посветеноста да ги исполнуваме очекувањата ќе придонесат кон задоволството и лојалноста на клиентите на Триглав Осигурување, но и кон натамошен развој на осигурителната индустрија”.

„Доброволното приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за себе и за своите најблиски. Токму затоа, во Триглав Осигурување создаваме нови можности за врвна заштита на здравјето, кои што одговараат на барањата на пазарот, на потребите на клиентите и на нивните можности. Експертизата на вработените во Триглав Осигурување Скопје секако придонесува да креираме исклучително квалитетни и конкурентни производи, кои што на клиентите им обезбедуваат вистинска додадена вредност”, дополни г. Војновиќ.

Најчитани вести