Пијан маж усмрти пешак

Триесет и шестгодишниот кичевец, М.Д. вчеравечер управувајќи со „Опел вектра“ со охридски регистарски ознаки на ул. „Прилепска“ во Кичево удрил двајца пешаци, негови сограѓани на педесет и четиригодишна возраст.

Веднаш потоа, тој го напуштил местото на настанот. Едниот од нив, Е.С. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, а пешакот С.С. се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштена на домашно лекување.

Околу 00,45 часот возачот и возилото се пронајдени и над истиот е извршено алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од кичевската полиција и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.