вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Спасов: Помош од 10 илјади евра за отворање приватни детски градинки

Поврзани вести

Зголемувањето на бројот на приватните детски градинки во нашата држава преставува приоритет за Министерството за труд и социјална политика, истакна денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при увидот на градежните активности на градинката во општина Петровец.

– Токму заради тоа оваа година започнавме реализација на нов проект кој претставува финасиска поддршка на неповратни средства коишто им се доделуваат на сите заинтересирани инвеститори за отворање на приватна детска градинка. Заинтересираните ќе добијат гранд средства во износ од 600 илјади денери за капацитет на градинка за минимум 40 деца и минимум четири вработувања, потсети Спасов.

Според него овој проект дополнително ќе го зголеми интересот кај приватните инвеститори за отворање приватни детски градинки, а со тоа, потенцира тој, ќе се влијае во зголемување на капацитетите за згрижување на децата, подобрувањето на квалитетот и намалување на цените за згрижување во гарадинките.

– За оваа година се обезбедени шесет милиони денари за десет приватни детски градинки, информира Спасов и упати апел до сите заинтересирани да се обратат во Агенцијата за вработување да ја искористат оваа можност.

Најчитани вести