сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Давутоглу премиер на Турција до 22 мај

Потенцијалните наследници на Ахмет Давутоглу на функцијата премиер на Турција се министерот за транспорт Бинал Јилдирим и младиот министер за енергија, Берат Албајрак.

Давутоглу премиер на Турција до 22 мај

Давутоглу премиер на Турција до 22 мај

Последни вести

Турската владејачка Партија на правдата и развојот ќе одржи вонреден конгрес на 22 мај, а премиерот Ахмет Давутоглу нема да се кандидира за претседател на партијата, соопштуваат локалните медиуми. Тоа значи дека тој веќе нема да биде и премиер, бидејќи според правилата на партијата, претседателот на партијата ja комбинира функцијата со онаа на премиер.

Одлуката за датумот на конгресот е донесена на седница на Извршниот комитет на партијата.

На седницата на Извршниот комитет на партијата, што траеше 35 минути и дојде по разговорите во средата меѓу Давутоглу и претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше одлучено да се одржи конгрес на партијата на 22 мај. Се очекува денеска Ахмет Давутоглу да одржи прес-конференција во седиштето на партијата.

Претходно беше соопштено дека Давутоглу и Ердоган ги растуриле односите по средбата која траеше приближно 2 часа.

Потенцијалните наследници на Ахмет Давутоглу на функцијата премиер на Турција се министерот за транспорт Бинал Јилдирим и младиот министер за енергија, Берат Албајрак. Тој има 38 години, оженет е за најголемата ќерка на претседателот Реџеп Таип Ердоган Езра, пренесува Ал Џезира.

Најчитани вести