понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Лекот за рак се крие во човечкото тело

лек

Последни вести

Имунолошкиот систем на одредени луѓе создава специјален „лек“ против рак, кој ги штити од таа болест, откриваат научниците.

Тие со години се обидувале да ја сфатат разликата помеѓу инвазивните типови на рак, како и оние кои бавно се прикрадуваат, но сега знаат дека манифестацијата на болести зависи само од имунолошкиот систем на заболениот.

Американски научници пронашле антитела за кои сметаат дека се борат против ракот и ги претвориле во лек кој ги напаѓа и убива клетките на ракот.

Професосрот Едвард Пац, кој ја водел студијата, вели дека ова е првата терапија во потполност добиена од човечкото тело.

-Ова би можело да претставува сосема нов начин на лекување на ракот и е возбудливо затоа што антителата селективно ги убиваат клетките на туморот, па нема несакани последици. Веруваме дека можеме да ја замениме реакцијата на имунолошкиот систем и тоа така да или ги убива клетките на туморот или да го спречува неговиот раст.

Професосрот Пац вели дека веќе долго работи во светот на медицината и дека не го интересираат лекови кои на пациентите ќе им го продолжат животот за само два месеца.

Токму затоа сакал да ги истражува случаите во кои ракот е откриен случајно, пред пациентот да почувствува било какви тегоби.

-Да не отишле на лекар, таквите луѓе никогаш не би дознале дека имаат рак. На крајот би починале со ракот, а не поради ракот, вели тој.

Пац со колегите барал докази дека ваквите луѓе имаат различен имунолошки систем во однос на останатите.

Откако го пронашол потенцијалниот кандидат меѓу антителата, го тестирале на човечки клетки во лабораторија и над глувци.

Во двата слуачаи антителата ги убивале клетките на рак. Канцерот и понатаму ги убивал глуците, но амо затоа што не добивле доволна доза.

Пац признава дека идејата некои луѓе сами да „произведуваат лек“ е и понатаму контроверзна, но работи на тоа да започне клинички студии кои ќе ги демантираат сите сомнежи.

 

 

Најчитани вести