Пензионерите задоволни од владините проекти за нив

Пензионерите задоволни од владините проекти за нив
Пензионерите задоволни од владините проекти за нив
Заменикот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, денеска ги посетија пензионерите кои престојуваат во Негорски бањи, а се делод проектот Бањско-климатска рекреација.

Спасов посочи дека овој проект кој стартуваше од  2010 година е еден од најприфатените од пензионеите. Опфаќа шест полни пансиони во кои влегуваат три оброци во денот, бањска терапија и повеќе други работи што влегуваат во севкупниот ангажман, вклучително и надзор на лекар и постојани прегледи за оние на коишто тоа им е потребно.

1

Прокетот резултираше со голем услех, а  досега опфати над 36.200 пензионери. За оваа година се планира да се опфатат околу 5.500 пензионери. Обезбеден е буџет од 38 милиони денари. 35 милиони денари за покривање на шест полни пансиони за 5.500 пензионери и 3 милиони денари за покрвање на трошоците за превоз. Ова е целосно бесплатен проект за сите оние кои ќе аплицираат и ќе бидат изберени. За оваа година досега услугата ја искористиле 3.660 корисници на пензија и до крајот на мај проектот продолжува. Останатиот број ќе се искористи до септември и октомври, истакна Спасов.

Аргировски напомена дека здружениетот годинана слави 70 години, као и дека последните неколку години пензионерите добија најмногу бенефити бидејќи имаат репрезенативен партнер со Владата.

2

Околу 37.000 пензионери беа на бањско- климатска рекреација од вкупно 300.000 пензионери во земјава.

Пензионерите се среќни тука, единстнето се уште се манипулира со нив бидејќи ги лажат дека тие кои ќе одат на бања, кога ќе починат ќе им се земело 15.000 денари. Тоа се чистаи глупости. Тоа се средства за погребнина на пензинерите, и не е поврзано со овој проект. Овој проект е доста прфатен и корисен за социјализација на пензионерите, а иасто така и за туристичките викенди има голема заинтересираност, вели Аргировски.

4