понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 77

Обвинителство: СЈО не достави никaков доказ или релевантна информација за смртта на Крпач

Издадени се голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација. Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек, соопштија од ОЈО.

катица

Поврзани вести

По случување на настанот во кој лицето Коста Крпач беше пронајден починат со прострелна рана во својот дом, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш ги презеде сите мерки и дејствија за истражување на причините за смртта и околностите под кои истата настапила, соопштуваат денес од Основното јавно обвинителство.

Интегрален текст од соопштението на ОЈО Скопје:

Со оглед на тоа што смртта на лицето Коста Крпач во јавноста предизвика голем интерес, поради што се шират бројни шпекулации што и попречуваат на истрагата и создаваат притисок врз институциите, обвинителството со должно внимание ги следи и истражува сите објавени и добиени информации за целосно да го истражи настанот и да не дозволи резултатите од истрагата да остават простор за сомнеж на кого било и за чии било интереси и цели.

Меѓу објавите, беше и соопштението дадено од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во кое истакнува дека, цитираме: „Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач… “

Основното јавно обвинителство – Скопје испрати барања до повеќе институции, меѓу нив и до тоа обвинителство, во кое се бараше да му се достават сите податоци и документација на која во изјавата тоа обвинителство алудираше, односно да ги достават сите докази за релевантни факти, вклучително и за притисокот под кој се наоѓало лицето Коста Крпач.

Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ ниту пак било каква релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот. Издадени се голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација. Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек.

Основното јавно обвинителство – Скопје ќе продолжи со преземање на дејствија. Соработува и ќе соработува со сите институции во насока на откривање и гонење на сторителите на кривични дела.

Веднаш штом ќе се добијат конкретни податоци за случајот, јавноста ќе биде известена.

Најчитани вести