Ѓукановиќ предложи нови министри во Владата

Ѓукановиќ предложи нови министри во Владата
Ѓукановиќ предложи нови министри во Владата
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ испрати предлог до црногорскиот парламент за разрешување на два и избор на четири членови на Владата на Црна Гора, објавија медиумите во Подгорица.

Во дописот на претседателот на Владата на Црна Гора се вели дека на седницата на парламентот на Црна Гора одржана на 27 јануари, по гласањето на доверба на Кабинетот, им понудил на опозициските политички субјекти влез во Владата, со цел да се создадат услови за засилување на довербата во изборниот процес.

– По повеќемесечни политички договори и потпишување на Спогодбата за создавање услови за слободни и фер избори на 26 април оваа година, еден дел од политичките субјекти, потписници на Спогодбата, ми предложија кандидати за членови на Владата, со што се стекнаа услови за измени во составот на Владата на Црна Гора, се наведува во дописнот на Ѓукановиќ.

Тој предложил разрешување на министрите за финансии и труд и социјала.