Украдени пари и пиштол од стан во Аеродром

Во Полициската станица во Аеродром вчера во 16,20 часот М.Б.(44) од Скопје, пријавила дека истио ден во периодот од 07,15 до 16,10 часот во стан на ул.„Венјамин Мачуковски“, од страна на непознат сторител и била извршена тешка кражба.

МВР денеска соопшти дека сторителот насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 2.100 евра, 60 американски долари, златно ланче со привезок и пиштол „ЧЗ 75 б“ калибар 9мм, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг, а потоа го напуштил местото на настанот. Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 150.000денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.