„Курир“: СОРОС троши по 15.000 евра на ден за рушење на демократски избраната Влада

„Курир“: СОРОС троши по 15.000 евра на ден за рушење на демократски избраната Влада
„Курир“: СОРОС троши по 15.000 евра на ден за рушење на демократски избраната Влада
327.964.687 денари е точниот буџет на организацијата СОРОС кој бил потрошен во последната фискална година, тоа во евра изнесува 5. 332. 759, или во просек се трошеле дневно по 15 илјади евра за рушење на демократски избрана Влада и за подршка на активностите на СДСМ, пишува „Курир“.

Во над 20-годишното постоење на СОРОС Македонија буџетите и парите кои се потрошени се околу неверојатни 100 милиони евра.

Со најновиот буџет се трошени пари за лобисти, странски сестрински организации на СОРОС кои имаат задача да пишуваат негативни извештаи за државата, прикажување во негативно светло и организирање на протести.

Дека се фрлаат многу пари од кои државата има само штета покажува и финансирањето на наводно невладините организации кој вештачки треба да преставуваат граѓански сектор.

78 организации се членки на органзиацијата Граѓаните.мк, а речиси истите се и предводници на иницијативата „Протестирам“.

Огромни пари се вливаат и на име на ставка плати. Во просек секоја од овие организации има по десетина активисти или вработени. Тоа се околу 780 луѓе- истите тие кои протестираат, чкртаат и ги вулгаризираат спомениците и објектите низ центарот на Скопје.

Бројките покажуваат дека луѓето од таканаречениот отпор „Протестирам“ вртат милиони евра и во услови на наводен режим одлично заработуваат.

Дека не е во прашање недостаток на слобода туку желба за гола власт и дополнително богатење покажува дека нивните лидери имаат недвижен имот на кој може да позавиди секој просечен граѓанин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.