„Република“: Зад СДСМ останува пустош – Во Скопје настрадаа МТВ и мостот „Слобода“, во Битола „Филип Втори“

„Република“: Зад СДСМ останува пустош - Во Скопје настрадаа МТВ и мостот „Слобода“, во Битола „Филип Втори“

Четврта недела на улиците низ Македонија во наводната борба за правда и слобода СДСМ и СОРОС шират само терор и деструкција.

И вчера како и секој работен ден платениците на СОРОС беа на улиците. Нивната шарена променада за дневница започна пред СЈО, па продолжи по скопските улици, преку Рекорд, Собранието, мостот кај МНР, кој случајно се вика „Слобода“, па се до МРТВ. Во вчерашниот марш за дневница, настрадаа мостот „Слобода“, кој симболично го носи името на нивната наводна борба за слобода, пишува „Република“.

2

3

Хулиганите предводени од СДСМ и СОРОС продолжуваат да унишруваат сè што е изградено. Протести имаше и во Битола, каде што настрадаа судот и канцеларијата на Иванов и споменикот на Филип Втори, а истото се случи и Кочани и во Кичево, пишува „Република“.

7

 

ФОТО: РЕПУБЛИКА