среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

Пријавениот, без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.

Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

Последни вести

Триесет и петгодишниот Ј.К. доби кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“, бидејќи без согласност прибавил кориснички податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“ и активно ги користел на интернет.

Полицијата соопшти дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското Јавно обвинителство поднел кривична пријава против Ј.К.(35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149, став 1 и 2 од Кривичниот законик на РМ.

Пријавениот, како што стои во соопштението, без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.

Ј.К. пристапувал на профилите на оштетените и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на веб страна која што споделува материјали со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело.

– Веднаш по доставувањето на пријавата од оштетените лица до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за злоупотреба на нивните лични податоци преземени се мерки  за утврдување на корисникот на профилот на веб страната која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица, соопшти МВР.

Најчитани вести