недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има нула кредибилитет за да зборува за медиумски слободи и слобода на говор

Гневот на СДСМ е насочен кон овие новинари и медиуми само затоа што не ги координираат своите прилози и текстови со СДСМ како што тоа го прават многу портали и телевизии кои се уредувани од Бихаќка, а финансирани од СОРОС.

vmro-dpmne-soopstenie

Последни вести

СДСМ не запира со организирањето хајки кон медиумите кои не се нивни послушници, поднесување тужби и отворени закани кои резултираат со напади кон медиумски куќи и новинари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегралено ви го проследуваме соопштението: 

Гневот на СДСМ е насочен кон овие новинари и медиуми само затоа што не ги координираат своите прилози и текстови со СДСМ како што тоа го прават многу портали и телевизии кои се уредувани од Бихаќка, а финансирани од СОРОС.

Ваквиот тоталитарен пристап на СДСМ кон медиумите е ист со односот кон медиумите во Северна Кореја,  ИСИС, Џибути, Јемен и Сомалија.

СДСМ новинарите ги прогласува за политички непријатели,  им се организираат континуирани хајки кои резултираат со насилство и закани по живот на новинарите но и на нивните семејства. Се кршат и уништуваат редакции на електронски и печатени медиуми.

СДСМ новинарите редовно ги дава на суд и бара драконски парични казни и одземање на лиценци за сите новинари и медиуми кои не се адвокати на аферите создадени во фабриките на Чауш, Заев и Спасовски.

„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, вие сте српски шпиуни, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Ова е речникот на Зоран Заев кон телевизиите кои не се покоруваат на тоталитарниот медиумски дискурс на СДСМ. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

Новинарите кои на продуктите од Фабриките за афери на СДСМ им доделуваат насловни страници, воведни вести во информативни блоокови и теми во дебатни емисии за СДСМ се „фер и балансирани“ новинари. Смешно и апсурдно.

Кон новинарите кои не се нивни послушници СДСМ има срамен однос за да може да ги обвини дека тие се виновниците за катастрофалните порази на партијата и за мизерниот рејтинг меѓу народот.

Секој граѓанин многу добро знае дека поразите на СДСМ доаѓаат затоа што СДСМ освен ноторни лаги од фабриките за афери и деструкција на секое поле нема ништо да им понуди на граѓаните. Мизерно и бедно.

СДСМ има чиста нула кредибилитет за да зборува за медиумски слободи, слобода на говор и слобода на информирање. Граѓаните тоа го гледаат и знаат и не му ја даваат својата поддршка на СДСМ на избори. Затоа СДСМ се плаши и по секоја цена бега од избори.

Но, бегање од судот на народот нема.

Најчитани вести