За една недела 1.376 повици на Ало докторе

Граѓаните најчесто барале совети за покачен крвен притисок главоболки, настинки,  алергиски реакции, убоди од инсекти, симптом на болка и совети поврзани со хронични болести и состојби предивикани од променливото време.

На сите лица кои  побарале медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Од воспоставувањето на оваа телефонска линија на 15 септември 2014 година имало вкупно 91669 повици со барање медицински совети.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

На телефонската линија Ало докторе за медицински совет се достапни вкупно 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.