Секс за една вечер е најдобар лек против депресија

Секс за една вечер е најдобар лек против депресија
Секс за една вечер е најдобар лек против депресија

Добри вести! Сексот за една вечер е исклучително полезен за машката, но и женската самодоверба.

Претходно се веруваше дека случајниот полов контакт може само да демотивира и во долгорочен план да доведе до депресија. Во тоа веруваа секс експертите, но научниците од Њујорк имаат друга и теорија, и докази.

Тие поканиле мажи и жени на случаен принцип кои требало да водат дневник во следните 12 седмици.

Во него требало да пишуваат за своите расположенија, опишувајќи ги највисоките моменти на среќа, како и најтажните. Каков е резултатот? Речиси сите кои имале секс за една ноќ, го поставиле своето расположение на највисока точка.

Високата сексуалност и случајниот секс делуваат како бариера против негативните емоции, депресија и фобии.

Уште поголемо изненадување е тоа што нема значителна разлика помеѓу половите. Точно така, и кај жените се забележува истата позитивна промнена на расположението. И каков е заклучокот? Сексот за една вечер, секако со заштита, може да биде особено полезен!