Кога мажот престанува да сака?

Кога мажот престанува да сака?
Кога мажот престанува да сака?

Во обид да изгледаат што поубаво и да остават подобар впечаток, жените често прават кардинални грешки со кои го губат вниманието кај мажите.

Вкусовите се различни, но околу следните работи речиси сите мажи го делат истото мислење.

Премногу шминка

Во обид да изгледаат што подобро, а со тоа и попривлечно на спротивниот пол, жените често претеруваат со шминката.

Ставаат слој по слој за да ги прикријат своите недостатоци, не сфаќајќи дека со тоа всушност ги одбиваат мажите. Многу истражувања покажале дека мажите преферираат поприроден изглед, додека претерувањето со шминката може само да ги одбие.

Промискуитетно однесување

Многу жени веруваат дека со сексуални алузии, предизвикувачко однесување и одење во кревет, ќе го привлечат мажот, иако вистината е целосно поинаква.

Со такво однесување секако ќе привлечете маж кој бара авантура, но тешко дека ќе посака подобро да ве запознае. Девојка за секс и девојка за врска се две целосно различни работи.

Прегладнување

Мажите апсолутно ги одбиваат жени кои се срамат да јадат. Тие сакаат да ја видат девојката како ужива во храната, поради тоа салатите и сличните диети за вечера заборавете ги кога сте на состанок со него.

Бидејќи, од непозната причина, девојка која сака да јаде им е многу привлечна.

Алкохолизирање

Слободно напијте се некој пијалак, но не се обидувајте да му докажете колку можете да испиете.

Девојка која пие пијалаци еден по друг, можеби и може да биде забавна, но мажот секако нема да ја земе предвид како кандидатка за врска.

Нападно однесување

Ако фраерите нешто мразат, тогаш тоа се нападните девојки. Притоа не мислиме само на претеран обид за остварување на физички контакт, туку и на вербален контакт.

Претерувањето со комплименти и смеење на секој негов збор, целосно ќе го одбијат.