Курц: ЕУ донесе мир во Европа

Тој во видео-пораката, нагласи дека за младите во ЕУ мирот е нешто што се подразбира, и укажа на другите достигнувања кои се клучни и разумни, наведувајќи ги слободата на патување и работата во Унијата.

Исто така неведе и дека ЕУ се наоѓа пред два големи предизвици со бегалската криза и престојниот референдум во Велика Британија.

– Бегалската криза мора да биде ставена под контрола. Тоа што ситуацијата е сага подобра отколку пред половина година не значи дека сме ја решиле. Кризата се уште не е завршена и далеку сме од решение, предупреди Курц.

Според него, Европа мора да успее сами да ги заштити своите граници, како и сама да одлучува кој може да влезе, а кој не.

– Само ако успееме во тоа Европа без внатрешни граници има иднина, објасни Курц.

– Другиот предизвик е референдумот на 22 јуни во Велика Британија, кој може се да промени. Се надеваам дека Велика Британија ќе остане во ЕУ, бидејќи Унијата би била економски и геополитички послаба без неа, но и поради тоа што Лондон постојано се залага за ЕУ како силен економски простор и просперитет, додаде тој.

Курц изрази надеж дека Велика Британија ќе се одлучи за вистинскиот пат.

На крајот порача дека е неопходно постојано да се работи на тоа ЕУ да биде подобра и постојано да се развива.