Владата го решава проблемот со социјално ранливите категории на граѓани

Владата го решава проблемот со социјално ранливите категории на граѓани
Владата го решава проблемот со социјално ранливите категории на граѓани
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денес изврши  увид во изградбата на зградата наменета за лица од социјален ризик во општина Гостивар.

Се работи за зграда од 70 станови кои се наменети исклучво за лицата од социјален ризик. Инвестицијата е вредна околу 84 милиони денари и се очекува да биде завршена за две години.

-Сакам да потенцирам дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посебен акцент става на решавање на проблемот со социјално ранливите категории на граѓани. За таа цел веќе во фаза на изградба се вкупно 123 станови и тоа во Кочани 43,  во Македонски Брод 10 стана, вклучувајќи ги и овие 70 во Гостивар, изјави министерот Мисајловски.

misajlovski-2gostivar

Се работи за зграда од две ламели со вкупно 70 станови што ги гради АД за стопанисување со станбен и деловен простор во соработка со Владата. Зградата е дел од програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории на граѓани.

Директорот на ЈП за станбен простор Цветко Грозданов изјави дека динамиката на изградба се реализира и пред предвидените рокови и упати посебна благодарност до пратениците што се залжија за изградба на ваква зграда и во Гостивар.

misajlovski-3gostivar

-Во наредниот период ќе започнеме со изградба на вкупно 579 станови во Виница, Пехчево, Скопје, Свети Николе, Струмица и Пробиштип, изјави директорот на ЈП за станбен простор Цветко Грозданов.

Досега во рамките на програмата за лицата од социјален ризик се изградени 14 згради со вкупно 678 станови.