Македонија

ФОТО: Преку Твитер Република Илирида му даде поддршка на Заев и се приклучи кон протестите

ФОТО: Преку Твитер Република Илирида му даде поддршка на Заев и се приклучи кон протестите

Република Илирида на својот Твитер профил му даде поддршка на Заев употребувајќи го хаштагот #протестирам, кој е симбол на Шарената револуција, организирана од СДСМ и Сорос, пишува Курир.

Пред точно една година, на кобниот 9-ти мај во кумановската населба „Дива населба“ згасна животот на осум македонски херои, кои бранејќи ја својата татковина ги положија своите животи при полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група.

Денеска, додека цела Македонија тагува и сочувствува со семејствата на загинате, семејството на командантот на УЧК Шкипоња ја даде поддршката за протестите на СДСМ, СОРОС, БЕСА и најави дека ќе се приклучи.

-Во име на семејството Шкипоња, силно ги поддржуваме протестите на 9 мај против сите предавства и грабежи кои им се направени на луѓето во Илирида, стои во пораката илустрирана со фотографија од семејството со знаме на УЧК, униформи и албански симболи.

familja-shqiponja-640x3601

Своја поддршка даде и т.н. Република Илирида.

-Една година од борбата и предавството во Диво Насеље, напишаа тие на нивниот Твитер профил, на кој е употребен хаштагот #протестирам, со што јасно и јавно се дава поддршка за деструктивното сценарио на Заев и насилните протести на Шарената револуција, организирани од СДСМ и Сорос.

ilirida (1)