ВИДЕО: Слепо дете прогледа откако го изми лицето на извор во БиХ

Деветгодишно слепо дете од Словенија прогледа откако се измило со вода на изворот Ибрет (Чудо) во БиХ.
Неговата мајка, Бекира Леврин, од Љубљана го однела својот син Ирнес точно на Свети Ѓорѓи на изворот, каде му го измила лицето, по што за големо чудо тој прогледал.
Детето почнало да плаче и ја прашало мајка си што прават сите тие луѓе околу него. Таа пак поради голем шок се онесвестила.
– Го носев тука и минатата година за да го измие лицето, бидејќи цврсто верував дека оваа вода ќе го излекува, но Ирнес не сакаше да излезе од автомобилот. Беше слеп, а сега може да гледа! Нема да кажам дека легендата се оствари, но јас цврсто верувам во ова чудо од Бог. Немојте да го дарувате со пари, дајте му ги на некој што му се потребни како благодарност до Бога – низ солзи им говорела на присутните пресреќната мајка.
Сведоци на ова чудо биле повеќе од стотина луѓе, кои и помогнале на Бекира да се освести и смири, а детето го дарувале со пари.