ЈП „Комунална хигиена“: Постојано се работи на подобрување на условите во „Вардариште“

ЈП „Комунална хигиена“: Постојано се работи на подобрување на условите во „Вардариште“
ЈП „Комунална хигиена“: Постојано се работи на подобрување на условите во „Вардариште“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во целост ги демантира наводите и тврдењата објавени во некои  медиуми дека во „Вардариште“ се случува невиден масакр.

Дементот ви го приложуваме интегрално:

Воедно, би сакале да ве информираме дека во рамките на работата на стационарот „Вардариште“, бездомните кучиња се заловуваат од страна на опремена и обучена Служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во Стационарот, каде што е ангажирана екипа од ветеринарни доктори што ја проценуваат здравствената состојба на кучињата. Здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од внатрешни и надворешни паразити, се вакцинираат од беснило, по што во Стационарот се задржуваат максимум ДЕСЕТ дена, а не два месеца, како што се тврди во споменатиот напис.

Доколку за тоа време кучињата не бидат вдомени, тие се враќаат на изворната локација на којашто биле заловени.

Од друга страна, пак, спротивно на тврдењата во написот, во Стационарот се еутаназираат само оние кучиња за коишто ветеринарната екипа ќе процени дека се заболени, или имаат видливи повреди при што трпат болка, премногу старите, како и прекумерно агресивните кучиња.

Неточни се и наводите за условите во коишто се сместени кучињата. ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје перманентно работат на подобрување на условите во стационарот „Вардариште“, во секој поглед.

Во таа насока, неодамна се пуштени во употреба нови педесет бокса (наменети за сместување на по едно куче), сменета е електричната инсталација, изведена е вентилација и изолација, спроведено е парно греење со посебна потстаница и е инсталирано ново внатрешно и надворешно осветлување во објектот.

Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ.

Ве молиме во иднина пред објавувањето написи за работата на стационарот „Вардариште“, да побарате изјава од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.