понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 45

Анкета на „Павел Шатев“: Расте позитивното мислење на граѓаните за Иванов

Позитивното мислење кое граѓаните го имаат за Иванов е зголемено споредено со резултатите од анкетата на „Павел Шатев“ спроведена минатиот месец.

ИВАНОВ

Последни вести

Според податоците на најновата анкета спроведена од Институтот „Павел Шатев“, 54.3 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење за претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Позитивното мислење кое граѓаните го имаат за Иванов е зголемено споредено со резултатите од анкетата на „Павел Шатев“ спроведена минатиот месец.

ivanov-anketa

Негативно мислење за Иванов, имаат 30.4 проценти од испитаниците.

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Иванов се зголемило за 1.7%, а претходно изнесувало 52.6%.

 

Најчитани вести