четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

ДИК објави: Македонија има 2,4 милиони државјани

Ваквиот податок од МВР Комисијата го побарала за првпат и тој покажува дека бројот на луѓе со право на глас е зголемен.

ДИК објави: Македонија има 2,4 милиони државјани

ДИК објави: Македонија има 2,4 милиони државјани

Поврзани вести

Македонија има еден 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно, 2.464.266 државјани. Ова е содржано во одговорот што Државната изборна комисија на нејзино барање го доби од регистарот на државјани на Министерството за внатрешни работи, објави „Прес 24“.

Ваквиот податок од МВР Комисијата го побарала за првпат и тој покажува дека бројот на луѓе со право на глас е зголемен. Едногласно беше прифатен овој извештај, а Бедредин Ибраими направи математика.

-Доаѓаме до податокот дека имаме 154.398 државјани кои не се запишани во Избирачкиот список. Најверојатно не поседујваат валдина лична карта или патна исправа, рече Ибраими.

Според Ибраими, овој извештај потврди дека треба да се престане со замајување на јавноста со прашањата како може од два милиона жители, според последниот Попикс на населението да има над 1.800 илјади гласачи. Бројот на гласачи во наредниот период ќе расте бидејќи сигурно дека дел од државјаните кои не се запишани во Избирачкиот список ќе добијат патна исправа или лична карта, рече Субхи Јакупи кој нагласи дека треба да се раздвојат податоците од Списокот и од последниот Попис на населението.

-Кога странски делегации прашуваат како е можно да има толку многу гласачи, одговорот е дека едни се податоците во Пописот на населението, а сосема нешто друго се податоците за бројот на државјани, рече Јакупи.

-Убедена сум дека ќе се расчисти маглата – како можел да расте бројот на гласачи. Па дури имавме лицитација со бројки, рече Бонева.

Последното што од една партија го тврдеа е дека има 139 илјади фантомски гласачи, но најдобар демант е последниот податок од МВР, рече Бонева. Инаку, одговорот што ДИК го доби од МВР е потпишан од заменикот министер Митко Чавков.

Што се однесува до дијаспората, до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на државјани во дијаспората, со напомено дека не значи и дека станува збор за толку пријавени лица, бидејќи можно е некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка. На седницата повторно не присујствуваа членовите од СДСМ, за кои, претседателот Александар Чичаковски рече дека ќе постапи според Деловникот, а тоа значи казнување со намалување на платата за 5 проценти.

Најчитани вести