Времето сончево и топло време

 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови.

Утринската температурата ќе се движи од пет до 13, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена, а попладне и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Доцна попладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 26 степени.

Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со изолирана појава на град. В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.