сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Има ли кој да им каже на Заев и на странците: „Ај, сиктер!“

На македонскиот народ не му се признаваат резултатите од изборите, не му се дозволува да оди и на нови избори. Па, тоа го нема дури и во Сомалија, со која инаку сме многу слични. И таа како Македонија постои само правно, практично нема единствена влада, туку има паралелни државни институции. И таа како Македонија е управувана од племенски главатари, независно дека 85 отсто од населението е од еден етнос.

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Македонската историја е целосна потврда на мислата на Ткидит, дека историјата се повторува. Со разни луѓе и генерации, но со ист резултат.

За жал, кај нас секогаш тоа повторување е драматично и жално. Главното е што ни фали тоа што не можеме да го издржиме соочувањето меѓу нашиот македонски космополизам и хуманизам и доминантниот во светот етноцентризам и национализам.

Затоа и во пресметките со тој национализам во повеќето случаи сме биле жртви. Победници сме биле само тогаш кога на странската агресија сме одговарале адекватно, цврсто, дури брутално како во античкиот македонски период, во дел од владеењето на Самуил, Хриз, Алексиј Слав и за време на антифашистичката борба.

Многу хумани се зборовите на македонскиот титан Гоце Делчев:

„Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите“.

Но, токму таа хуманост му дозволи  на агентот на бугарскиот кнез Фердинанд, Иван Гарванов да завладее со Внатрешната револуционерна организација и да ја фрли во предвременото Илинденско востание. А, пред тоа, софиските врховисти да го организираат убиството на Делчев, кој неколку месеци порано беше кажал:

„Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата“.

Не беше доволно цврст дури еден Јане Сандански, кој не расчисти целосно со македонските предавници, па и тој беше убиен од нив.

И во борбата против фашизмот немаше македонска национална свест која ќе го пребродеше притисокот од една страна на Светозар Вукмановиќ Темпо, а од друга – на Бојан Балгаранов како претставници на КПЈ и на БСП (к) во Македонија.

Немаше личност која ќе кажеше: „Ај, сиктер, тука е Македонија!“, и притоа да води рамноправен дијалог со Тито. Сведоштво за полтронството на македонските политичари е и фактот дека по осамостојувањето на Република Македонија, од свиркачи и кодоши на Белград се трансформираа во подлизурковци на САД.

Денешната катастрофална состојба во државата е резултат од предавството на фалшливата политичка елита. Едвај пред неколку денови од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се слушнаа гласови дека наметнатата политичка криза морало да се расчисти уште пред две години.

Мораше, ама и сега таму доминираат „кооперативци“ во однос на албанскиот тероризам и експанзионизам, во однос на тортурите од страна на САД и ЕУ, и на предавништвото на Заев и соросоидите. Веќе сите видоа до каде води тој „кооперативен идиотизам“. На македонскиот народ не му се признаваат резултатите од изборите, не му се дозволува да оди и на нови избори. Па, тоа го нема дури и во Сомалија, со која инаку сме многу слични. И таа како Македонија постои само правно, практично нема единствена влада, туку има паралелни државни институции. И таа како Македонија е управувана од племенски главатари, независно дека 85 отсто од населението е од еден етнос. Разликата е во тоа што Сомалијците не мислат дека Американците им се пријатели, така што по историската битка за Могадишу (1993) ги избркаа од нивната земја.

Само што на македонските политичари-фотелјаши не им паѓа на памет да им се спротивстават дури вербално на странските уцени. Да не зборуваме за нешто повеќе. Тие немаат „патлак“ да му се спротивстават на терористичкиот главатар Али Ахмети, кој со 150.000 приврзаници и со 19 пратеници управува со македонското Собрание, кое брои 123 пратеници и практично со цела Македонија. На изборите во 2014 година, ДУИ, ДПА и СДСМ вкупно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ, но Ахмети се наметна во Владата, иако не го признава претседателот на државата.

Минатата година божем владејачката ВМРО-ДПМНЕ прифати лидерска средба на која сите четири партии беа изедначени. Ниту во природата „ниту во човечкиот свет нема случај слон да биде изедначен со мува, ама кај нас и тоа го има. Затоа што слонот се однесува како мува“.

И сега што?

Заев, Ахмети, Бејли, Орав и други црпнати повторно ќе…

Најчитани вести